Невремето кое веќе втор ден беснее во хрватската престолнина зад себе остави искорнати дрвја, урнати реклами, клима уреди, расфрлани контејнери, оштетени семафори. Силниот ветер кој дуваше рушеше и кровови. Од глетката останаа запрепастени станарите на загрепската Јежевска улица кои пред својот влез затекнаа лимен кров тежок четири тони.
За среќа повредени нема.
Бурата зафатила и други градови во Хрватска, а државниот хидрометеоролошки завод издал предупредување за цела земја поради силниот ветер и обилните врнежи.
видео Hina