Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Царината заплени обврзници со вредност од 92 милиона долари – патник од Турција ги скрил во четири папки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиона долари.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.

— реклама —

Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин, кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.

[embed]

— реклама —

Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.

Во согласност со одредбите од Законот за Царинската управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одзел обврзниците, а на лицето му е изречена глоба.

— реклама —

Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе ѝ бидат предадени на Агенција за одземен имот.

Богоев укажа на постоен тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања