Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Челичната кукла“ на Путин објави мапа: Ова ќе го таргетираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Олга Скабеева, новинарка на руската државна телевизија, објави мапа на потенцијални цели на западното оружје од Украина.

Соопштението доаѓа откако американската администрација минатата недела објави дека брзо се движи кон одобрување на употребата на американско оружје за воздушни напади против Русија од страна на украинската војска.

Неименуван американски функционер рече дека оружјето може да се користи за напад на делови од Русија кои се граничат со североисточна Украина за да се одбрани регионот Харков.

— реклама —

Скабеева тврди дека сега се случува „фазна ескалација“. И штом Русите одговорат, „НАТО и Пентагон ќе се префрлат на нови цели“.

Скабеева, позната и како една од „челичните кукли на Путиновата пропагандна машина“, покажа мапа на руски области кои би можеле да бидат цел на украински напади со оружје добиено за Западот.

— реклама —

На социјалните мрежи беше објавен видео клип од нејзината емисија со коментар „Денес Химарс, задутре - Атакмс“: пропагандистите хистерични поради дозволата на САД да нападнат цели на руска територија“.

Во видеото таа го спомнува и AGM-88 HARM, тактичка противрадијациона ракета воздух-земја; бомба со мал дијаметар од САД (GLSDB) со дострел од 180 километри; Крстосувачки ракети со долг дострел „Scalp/Storm Shadow“; и беспилотни летала камикази.

Таа, исто така, покажа американски ракети со долг дострел, иако Вашингтон забранува нивна употреба во Русија.

— реклама —

Радиусот на целите кои сега можат да бидат погодени со помош на ХИМАРС изгледа вака“, рече Скабеева.

Според мапата што ја објави, областите кои би можеле да бидат нападнати од западно оружје од Украина ги вклучуваат регионите Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск.

— реклама —

Исто така, таа изјави дека сите области во Русија кои се оддалечени до 1.000 километри од украинската граница се потенцијално изложени на ризик од воздушни напади, објави Блиц на Newsweek.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Свет | пред 4 дена

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 5 дена

zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања