Синоќа во близина на трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец избувна пожар во кој беа зафатени четири автомобили.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прво било опожарено службено возило марка „Фиат“, по што огнот се проширил и ги зафатил уште три автомобили паркирани во близина.
Изгореле „Шевролет Авео“ со охридски регистарски таблички, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „Фиат Пунто“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје, како и „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.М. (54) од Скопје.
Надлежните органи спроведуваат увид за да се утврдат причините за пожарот и можната одговорност.