Во елитниот дел на Њујорк , Менхетн се претепани до смрт четворица бездомници , а петтиот го преживеал нападот. Бездомник (24) кој носел долга метална шипка денеска во Њујорк нападал други бездомници додека спиеле, убил четворица и тешко повредил уште еден кој е во критична состојба, соопшти полицијата од овој град.
Полицијата наведе дека бездомниците се нападнати во кинескиот кварт и дека напаѓачот сурово ги тепал луѓето кои спиеле. Осомничениот е во притвор, а која него е пронајдена металната шипка. Полицијата смета дека мотив за нападот нема расна или друга основа.
Бројот на бездомници во Њујорк расте во последните години, и тие и натаму остануваат меѓу најзагрозените жители од градот.