(ВИДЕО) Ципрас: Ќе носам вратоврска ако ми ја подари Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tsipras_putin_web-thumb-large

По средбата на двајцата лидери во Москва, Ципрас не носеше вратоврска, туку бела кошула со разлабавена јака. Путин имаше вратоврска.

— реклама —

https://twitter.com/Kremlinpool_RIA/status/1071051546371284993?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071051546371284993&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.dosie.mk%2Farchives%2F6299

— реклама —

Грчки новинари го прашаа Ципрас зошто не го исполнил ветувањето дека ќе почне да носи вратоврска ако неговата партија победи на парламентарните избори и ако проблемот со огромниот грчки јавен долг биде решен.

— реклама —

„Јас веќе го исполнив тоа ветување, кога победив (во спорот со долгот). Но многу брзо ја тргнав вратоврската, бидејќи таа е јазол околу вратот на грчкиот народ. Тоа е симбол. Сепак, ако господинот Путин ми даде таков подарок, на следниот состанок јас ќе го носам“, изјави Ципрас.

Грчкиот премиер, како и многу други членови на левичарската влада на Грција, од принцип не носи вратоврски, па дури ни на официјални настани. Пред вонредните парламентарни избори Ципрас им вети на новинарите дека ќе почне да носи кравати кога ќе се најде решение за грчкиот проблем и кога Грција ќе ги исплати долговите. Потоа европските политичари почнаа да му подаруваат вратоврски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања