Пет луѓе завршиле во болница во стампедото што настанало во стоковната куќа „Вестфилд Парамат“, додека картичките за подароци биле спуштени со балони во трговски центар во предградието на Сиднеј. Купувачите се повредиле обидувајќи се да грабнат златни, сребрени и бели балони со картички за подароци.
Кога толпата навалила, неколку лица изгубиле тло под нозете и паднале, а со нив го повлекле и лицето облечено како Дедо Мраз.
Џонатан Нот, лицето кој го снимил тоа, рече дека стравува дека некој може да биде повреден.
https://www.instagram.com/p/B6ap9wdn-kx/
Медицинската екипа пристигнала на местото на настанот и укажала помош на 12 повредени лица, од кои пет се упатени во болница.