„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Црна Гора немоќна во борбата со пожарите, бара странска помош-загрозени се и плажите!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Crna-gora-pozar

Шумските пожари кои беснеат на повеќе локации во Црна Гора, меѓу кои и во близина на Подгорица, ја натераа владата да побара помош однадвор. Активирани се меѓународните механизми за поддршка, вклучувајќи го Евроатлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи при НАТО, како и Механизмот на Европската унија за цивилна заштита. Паралелно се бара и билатерална помош од други земји.

— реклама —

Пожарите веќе зафатија големи површини и предизвикаа оштетувања на објекти и домови. Неколку пожарникари се повредени, а властите признаваат дека расположливите ресурси не се доволни за справување со кризата. Огнот се шири на тешко достапни места, при високи температури, силен ветер и суша, поради што е побарана и воздушна поддршка. Загрозени се дури и плажите преполни со туристи

— реклама —

Во моментов активни жаришта има во општините Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Најсериозна е состојбата кај местото Пипери, каде што пламенот се приближува до куќи, а неколку домаќинства веќе се евакуирани. Главниот патен правец Подгорица–Никшиќ е затворен за сообраќај.

„Воздушните капацитети на Црна Гора работат со полн интензитет, но поради обемот на пожарите и техничките ограничувања не можат да одговорат на сите потреби“, соопшти владата, додавајќи дека временската прогноза предвидува продолжување на неповолните услови.

Премиерот Милојко Спајиќ вети поддршка за граѓаните кои претрпеа штета, со цел надминување на последиците и надомест на загубите. Тој се заблагодари на Хрватска, Србија, Словенија, Европската унија и НАТО за нивната помош.

Во акцијата за гаснење учествуваат и канадер од Хрватска и хеликоптер од Србија.

фото. Инстаграм

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања