Еден од најдобрите поп-рок бендови на Балканот „Црвена Јабука”, направи спектакл на својот голем концерт во Скопје, во спортската арена Јане Сандански. Ги отпеаја најголемите хитови, ја преполнија салата и направија несекојдневно шоу.
Беа особено атрактивни моментите посветени на Македонија односно пеењето песни посветени на нашата држава, веењето на македонското знаме, благодарноста кон македонската публика.
Концертот се одржува после распродадената Загребачка арена со 18.000 влезници, три распродадени интимни концерти во МТС дворана во Белград и два во нашата Македонска филхармонија во Скопје, турнејата низ Америка, Канада и Австралија.