„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Чудна глетка над македонското небо - што се летечките светла на небото?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
svetlecko

Светлечки објекти вечерва го надлетуваат небото над Македонија. Објектите личат на ѕвезди, се движат на иста траса на небото, растојанието меѓу нив е идентично и сите според она што може да го види човечкото око се движат со иста брзина и по иста траекторија.

— реклама —

Објектите на небото ги забележаа и бројни граѓани на Охрид кои во тој термин шетаа домашни миленици.

На видео снимките кои ги објавуваме снимени се над 40 летечки објекти.

— реклама —

НАСА деновиве информира дека поркај нашата планета ќе прелетаат неколку метеори.

Граѓаните кои ја видоа необичната глетка на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа. Во дел од твитовите корисниците ги повикуваат сите да го погледнат небото во овие моменти, додека други ја објаснуваат мистеријата преку информации поврзани со метеори и сл…

Слична глетка над македонското небо имаше и пред две ноќи, а за ваква појава пишуваат и корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

Целиот видео материјал снимен вечерва забрзан за пет пати

Инаку објаснување за она што деновиве се случува има на сајтот на astronomija.mk.

Овие денови добивме неколку пораки со прашања за “чудни“ објекти кои се движат по небото, па тука ќе се обидам да ви ги појаснам мистериите (до колку сте ги имале).

Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонце и месечина нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако знаете нејзина точна локација. Во народ е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што навестуваат доаѓање на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудување на Венера или просто незнаењето, пишуваат од astronomija.mk. 

Втори се сателитите, а особено новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 ( и со букви дванаесет илјади) само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така да можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз, во ред еден зад друг, и добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата.

Но, не се само овие сателити. На небото се гледаат многу други сателити, и можете да ги познаете по тоа што релативно споро се движат и не трепкаат. Ако трепкаат, тогаш се работи за авион. Еден од најсјајните вештачки сателити е Меѓународната Вселенска Станица (МВС), која кога е блиску до нас има сјај речиси колку Венера.

Текстот во целост на: astronomija.mk. 

фото: Скопје1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања