Чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни.
Семејството Азировиќ живее во Германија, а сега се дојдени на одмор, исплашени се и не знаат што да прават, јавува Тв21.
[embed]
Дупката е на само 4 метри од куќата, тој стравува да не пропадне целата куќа, за која вели дека работел 20 години во Германија.
Откако чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово, денеска забележана е отворена дупка и во Битола. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од дупката, но засега нема информации за што точно се работи.
Дупката е широка 1,5 метри, а се појави пред станбена зграда. Ставено е и известување „пази дупка“.