„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Чулев: Полицијата извршила 32374 контроли за тоа дали се почитува дадената изјава за самоизолација, од кои во последните 24 часа извршени се 4007 контроли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev-2

Прес конференција на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Изјавата на министерот ви ја пренесуваме во целост:

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес конференција ги соопшти податоците за почитувањето на мерката за ограничување на движењето на граѓаните која започна да се применува од 22 март, податоците за лицата во изолација и информации за постапувањето на полициските службеници во изминатиот период.

Министерот се заблагодари и на медиумските куќи и новинарите затоа што информациите и вестите поврзани со оваа пандемија во изминатиот период професионално и етички се пренесувани од нивна страна, како и редовното следење на работата на Министерството за внатрешни работи, а кое што дава придонес во подигнување на свеста кај граѓаните и поддршка на полициските службеници.

— реклама —

Така во своето обраќање министерот истакна дека,, За споментатиот период мерката за ограничување на движењето не ја почитувале вкупно 502 граѓани, од кои најголем број се лица на возраст од 18-67 години и тоа 459, додека на возраст до 18 години вкупно се 26 се лица и над 67 години се вкупно 18 лица.

Воедно од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години, истакна министерот Чулев.

Министерот додаде:

Воедно од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години.

При тоа министерот истакна дека „Во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето на граѓаните, при што приведени се 37 граѓанин, од кои 7 лица се на возраст до 18 години “

Исто така од воведување на мерката за ограничување на движењето на граѓаните до денес опоменати се вкупно 136 лица, а до Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи поднесени се вкупно 123 кривична пријава и 12 известувања, со кои се опфатени 158 сторител за вкупно 144 кривични дела, од кои најголемиот дел се поднесени по член 206 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период издадени се вкупно 1620 решенија за изолација, од кои во последните 24 часа издадени се 90 решенија за самоизолација, извршени се 5597 контроли на решенијата за самоизолација од кои 816 во последните 24 часа, при што за истакнување е дека во последните 24 часа не е констатирано ниту едно непочитување на решенијата за самоизолацијапотпишани се вкупно 9025 изјави за самоизолација, од кои 99 изјави во последните 24 часа

Воедно од полициските службеници извршени се 32374 контроли за тоа дали се почитува дадената изјава за самоизолација, од кои во последните 24 часа извршени се 4007 контроли, при што е констатирано дека 3 лица не ја почитувале изјавата за самоизолација и за истите ќе бидат преземени соодветни мерки.

„Во однос на донесените решенија за изолација и изјавите за самоизолација до сега поднесени се вкупно 123 кривични пријави, од кои 5 се во последните 24 часа и најголемиот дел од кривичните пријави се поднесени за кривични дела по член 206 од кривичниот закон, а 19 кривични пријави се по член 205 од Кривичниот законик.“ - истакна министерот за внатрешни работи во неговото обраќање

Воедно веќе е функционална апликација која е наменета за полициските службеници, а преку кои вршат проверка на дозволите за движење за време на траење на мерката, а кои се се издадени од страна на Министерството за информатичко општество и администрација а во координација со нив во следниот период се преземаат активности со цел дополнување на системот со дозволите кои се издадени во изминатиот период.

Изготвен е оперативен план чиј што работен наслов е „Армијата  во поддршка на полицијата“ така што соработката со армијата до овој момент е беспрекорна и се одвива без никакви проблеми. Преземањето на обврските од страна на армијата се одвива во неколку фази и до овој момент е завршена првата фаза која опфаќа преземање на обврската за обезбедување на дел од зелениот појас на границата, затворите Скопје и Идризово, објектот на Владата и Собранието и дел од објектите кои се користат како државен карантин, односно Хотелот Десарет во Охрид, Детското одмаралиште во Демир Капија, хотелот Фламинго, Хотелот Ибис во Тафталиџе, а во следниоит период оваа листа ќе биде надополнета и со други објекти. Министерството за внатрешни има отстапено дел од своите сместувачки капацитети за потребите на армијата.

Во однос на информациите поврзани со лицата кои преку хуманитарни конвои се враќаат во нашата држава, вчера од Малме и Загреб вратени се вкупно 290 патници, а во текот на денешниот дена се очекувааат уште два авиони со патници од Љубљана и Минхен така што во моментов вкупно 1082 граѓани се сместени во државен карантин. Во моментов вкупно 19 објекти се приспособени за оваа намена, а распоредот за сместување на граѓаните го прави Генералниот секретаријат за Владата. Полициските службеници преземаат мерки за обезбедување на транспортот и внатрешно и надворешно обзбедување на објектите.

Надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација и кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во карантин на сопствена сметка. Исто така полициската станица „Гази Баба“ е утврдена како локација каде ќе се спроведуваат лицата кои се заразени од корона вирусот, а ќе се јават како сторители на кривични дела.

„Врз основа на сево ова претходно споменато дозволете ми да заклучам и како министер за внатрешни работи и да истакнам дека донесените мерки и препораките на владата се почитуваат од страна на граѓаните на територијата на целата држава, тие се совесни и свесни за комплексноста на состојбата во која се наоѓаме и за важноста за почитување на мерките во овој исклучителен период за сите нас.

Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници заедно со припадниците на армијата со силна помош и поддршка од граѓаните ги преземаат сите неопходни активности со цел да обезбедат соодветно спроведување на мерките и активностите и гарантирање на безбедноста, здарвјето и животот на граѓаните.„

Истакна во министерот во обраќањето, а воедно апелирајќи до сите граѓани, во овој специфичен период цврсто да се придржуваат до мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, истакна министерот Чулев.

фото и видео: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања