И пак не дојдовте да се погледнеме...? Колку пати ве повикав, а вие не доаѓате. Овој пат адвокат сте пратиле! Ако дојдевте, јас ќе ја видев тагата во вашите очи која сум ја предизвикала, па не само 3 илјади евра и триесет ако треба ќе ви платам за да ви ја вратам насмевката и радоста, напиша на социјалната мрежа фејсбук Д-р Јадранка Бибан, по денешното судско рочиште на кое Лекарската комора ја тужи д-р Бибан за навреда и клевета поради шест статуси објавени на социјалната мрежа „Фејбук“ во март годинава.
Инаку д-р Бибан дипломирала на Медицинскиот факултет, но нема активна лиценца за работа. Таа е позната во јавноста по гостувањата во телевизиски емисиии, каде генерално ја промовира традиционалната медицина.
https://www.facebook.com/jadranka.biban/videos/10206443297597232/