Напорите за гаснење на големиот шумски пожар во природен резерват на грчкиот остров Евија продолжуваат и денес, четврти ден по ред, при што надлежните органи се сомневаат дека пожарот може да бил и подметнат, пишува „Катимерини“.
Вработени во специјалниот отдел за пожари од грчката противпожарна служба откриле предмети кои се лесно запаливи и кои се употребуваат при палење на оган, материјали кои се користат при палење на оган, пластики, лименки, натрупени дрвја и деланки.
Околу 400 пожарникари се борат на непристапниот терен за да го локализираат пожарот. И покрај сите овие напори, пожарот сè уште беснее низ клисурата уништувајќи огромен број на дрвја. Грчките власти предупредуваат на голем ризик од пожари и следните денови.