Францускиот диџеј и продуцент Хугел синоќа приреди вистински спектакл во Охрид, со сет полн со енергија, хитовски ритми и експлозивна атмосфера. Илјадници фанови танцуваа под отворено небо, создавајќи заедно со Hugel ноќ за паметење на стадионот „Билјанини извори“.
Познат по своите ремикси и енергични перформанси, Hugel докажа зошто е едно од најбараните имиња на светската хаус-сцена. Сцената беше преплавена со светлосни ефекти, фанови и беспрекорна продукција, додека басовите вибрираа низ цел град.
Настапот на Хугел дојде веднаш по спектаклот на Jason Derulo, и беше логично продолжение на врвната продукција што Прагма продукција ја обезбеди ова лето. Охрид, се позиционира како сериозна музичка дестинација на мапата на европските фестивали.