Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Демонстрант пред Влада: Секоја солза исплакана за мајка ми да им се претвори во години затвор, не се изборив за неа ќе се борам за вашите мајки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Откога со црвена боја на асфалтот пред Влада испишаа убијци, еден од демонстрантите раскажа за искуството на Клиниката за Онкологија каде што пред една недела починала неговата мајка. Вели дека била „карпа жена“ и покрај ракот на гради, но по три дена терапија станала жив мртовец, а по уште три дена починала.


— реклама —

[embed]

C0borqoNe90[/embed]


„Кога одевме на хемотерапија чекавме од девет и пол наутро некаде до шест. Оставени сте сами на себе. За дома кога ќе ни дадеа терапија јас сам и ја менував инфузијата. Македонија е станата како некој холокауст. Мора овие луѓе да си преземат одговорност. Ја би сакал овде денес пред нас да ги видам сите тие луѓе, не на суд. Да ги прашам за кои црни пари го оставаат човекот кој се бори за живот и секој ден му е значаен, без лек. Секоја солза исплакана моја за мајка ми, на секоја мајка, на секое чедо да им се претвори во години и години затвор. Да скапуваат во затворите да немаат сон, морници да ги лазат“, рече демонстрантот.


Кога барале помош, тој раскажa дека им кажувале дека за мајка му ќе се грижи подобро тој дома, оти имаат само две сестри.


Револтиран од Владата која седум години не направила ништо, демонстрантот рече дека е инвестирано само во килажата на Бојан Маричиќ.


По неговиот говор, искуството со здравствениот систем во земјава го сподели мајка чиј син починал од рак на 31 година, а се лекувал во приватната клиника „Аџибадем Систина“ и порача дека и во приватното здравство е исто како и во јавното. При говорењето мајката се вознемири, почна да се тресе и го прекина говорот.


Демонстрантите со едноминутно молчење оддадоа почит на сите жртви на здравствениот систем, ја слушнаа химната, а по говорите тргнаа кон Обвинителството.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања