„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Демонстрантите се судрија со полицијата во Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
grcija

Судир помеѓу демонстрантите и полицијата на протестот во Атина против Договорот од Преспа. Најмалку 15 повредени. Маскирани со фантомки, дел од демонстрантите се обидуваа да го поминат полицискиот кордон и ги нападнаа полицајците со предмети и пиротехнички материјали, кои возвратија со солзавец и шок бомби.

— реклама —

На платото пред грчкиот парламент се случија бројни инциденти, каде со автобуси од другите делови на Грција пристигнаа уште илјаници граѓани.

Група маскирани лица со грчки знамиња веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.

— реклама —

Тие со тврди предмети, шишиња, чадни бомби и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која возврати со шок бомби и солзавец, додека опонетите на Ципрас држеа патриотски говори на бината. Иако закажан за 14 часот по локално време, граѓаните уште два часа претходно почнаа да се собираат пред грчкиот Парламент. Тие носеа грчки знамиња и плакати со пораки „Македонија е грчка”, „Референдум сега” и „Овој Договор е предавство”.

За безбедноста беше ангажирано силно полициско обезбедување - над 1.500 полицајци и воздушна контрола со хеликоптери.

Протестот е организиран од т.н. Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија. Меѓу граѓаните има и поддржувачи на „Златна зора“ и свештени лица, а пред присутните се обратија претставници на здруженијата кои бараат повлекување на македонско – грчкиот договор.

Во интервју за весникот „Авги“, грчкиот премиер Ципрас изјави дека договорот е историски чекор за двете земји, а ратификацијата е патриотска должност. Договорот од Преспа е во фокусот на грчките медиуми откако македонскиот парламент го заврши својот дел, а сега на ред се грчките парламентарци.

Во текот на оваа недела се очекува гласање за ратификација на договорот, а во пресрет на гласањето пратениците кои го поддржуваат договорот добивале закани преку телефон.

Алексис Ципрас пак со владина кампања. Со објавување на текстот на Преспанскиот договор во весниците, како што велат, имаат за цел објективно да ги информираат граѓаните за придобивките од договорот.

Весникот „Реал њуз“ има интервју со вицепремиерот Бујар Османи, под наслов „Грција е главниот гарант за нашите евроатлантски амбиции“.

WMlFoGLgDoM

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања