На социјалните мрежи вчера се појави видео на кое се тепаат група малолетници.
Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за настанот.
-Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште, информира МВР.