Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Детали: Запалено возило во „Ист гејт“ го активирало алармот, по евакуацијата од трговскиот центар велат дека е безбедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
FFFBCD09-2C51-410E-A236-707B58C8887B

Посетителите на „Ист гејт“ се пуштени да се вратат во трговскиот центар, а од менаџментот известија дека ќе продолжат со редовна работа. Најголеми гужви има во гаражниот дел, каде посетителите чекаат ред за да ги извадат возилата. Посетител за „Скопје1“ вели дека никој не кажал што се случувало и зошто се евакуирани.

— реклама —

„Свиреше аларм и се слушаше 'Wait until further instructions' (*почекајте за дополнителни инструкции)“, вели посетител за „Скопје1“.

— реклама —

Од МВР за „Скопје1“ потврдија дека било опожарено возило.

„Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР за „Скопје1“.

Од „Ист гејт“ објавија известување со кое потврдуваат дека бил активиран алармниот систем.

„Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, напишаа од „Ист гејт“ на социјалните мрежи.

gasdfas

Евакуиран „Ист гејт“ - МВР проверува, од трговскиот велат дека се активирал аларм без да споделат детали

Трговскиот центар „Ист гејт“ е евакуиран, од него се изнесени сите вработени и купувачи. Засега не е позната причината, а оние кои дошле со автомобил, не можат да ги извадат од подземните гаражи. Неофицијално, чад излегувало од едно од паркираните возила, но не се знае дали било запалено.„Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, велат кусо од „Ист гејт“„Скопје1“ контактираше со МВР од каде велат дека проверуваат за што станува збор. Одговори побаравме и од ПР службата на „Ист гејт“, кои не дадоа детали дали станува збор за запалено возило.Повеќе информации, наскоро.

Скопје | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања