Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) По тешката борба, штркот Виктор повторно почна да лета: го спасија активистите од „Animal Voice“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-librarysg8epppckjhc90yUqU0

По неколкунеделна борба за живот и напорна рехабилитација, пристигнаа добри вести за штркот Виктор, кој здружението „Animal Voice“ го спаси во тешка здравствена состојба откако бил пронајден паднат од гнездо.

Од здружението информираат дека Виктор успешно се опоравил и деновиве повторно почнал да лета. Иако сега е слободен и без здравствени проблеми, тој сè уште се враќа на местото каде што престојувал во изминатите недели.

— реклама —

Приказната за Виктор претходно стигнала до стотици илјади луѓе, а од „Animal Voice“ сега велат дека пред него е важна одлука – дали ќе биде подготвен да замине на долгото патување или ќе остане во Македонија во текот на зимата.

— реклама —

Според здружението, доколку Виктор одлучи да замине, неговата здравствена состојба му овозможува да го продолжи патувањето. Доколку, пак, процени дека не е подготвен за долгото патување, од „Animal Voice“ велат дека ќе му обезбедат соодветно живеалиште каде што ќе може безбедно да ја помине зимата.

— реклама —

„По лошите, ви носиме добри вести“, порачаа од здружението, споделувајќи ја веста за напредокот на штркот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања