„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Додека Скопје тоне во проблеми, Градот на Арсовска го врати Ќосето на кружен тек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_6430

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на Град Скопје раководен од Арсовска доаѓа во време кога граѓаните имаат куп поплаки за раководењето на градот, кој се соочува со проблеми кои ги засегаат граѓаните.

— реклама —

Таблата за враќање на Ќосето е поставена на кружниот тек как “Ист гејт мол”. Арсовска и Градот практично ја спроведуваат одлуката изгласана од Советот на три дена пред Нова година. Тогаш, со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој пред пет години беше отстранет од пред комплексот судови.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред зградата на Врховниот суд ноќта меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, но голем дел од јавноста го гледаше како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“.

— реклама —

Споменикот беше отстранет во февруари 2018 година, на почетокот од мандатот на претходната администрација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека се работи за дивоградба.

Во меѓувреме, не спроведувањето на изборната програма и ветувања, (не)хигиената во градот, нередовниот превоз, неисправните автобуси, преполните контејнери остануваат нерешен проблем од градските власти, предводени од Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања