Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ - пораки го открија пријателството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
PELIVANOV-GURI1

Обвинителот Трајче Пеливанов од тимот на Ислам Абази и обвинетиот Исмет Гури кој сега е во бегство, а беше дел од ДУИ – разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО и против него се водеше истрага за изборни нерегуларности, објави „Алфа“. Поради ова му била покрената и дисциплинска постапка, која сега е во  Советот на јавни обвинители.

Според сознанијата на телевизијата, додека Гури бил осомничен, подоцна обвинет и осуден во предметот „Титаник 2“ на СЈО, а Пеливанов беше дел од сега згаснатото обвинителство на Катица Јанева, тој си одржувал приватни контакти со него. Неофицијално, пораките се извадени од телефонот на Гури, кога кај него беше извршен претрес откако доби статус на осомничен во предмет за даночно затајување кое пак сега го води Обвинителството за гонење организиран криминал во кое е и Пеливанов.

— реклама —

Индиректна потврда за комуникацијата Пеливанов-Гури е одговорот од Обвинителството за „Алфа“, пишува медиумот, во кој се вели дека имало предмет со комуникации по коj се постапувало.

„Јавниот обвинител постапувајќи по претставка, веднаш оформи предмет во кој побара за наводите да се произнесат и споменатиот јавен обвинител, и јавниот обвинител кој постапувал во конкретниот предмет, како и шефот на соодветното јавно обвинителство. Извршен е и увид во предметот на кој се однесува комуникацијата, по што во декември беше донесена одлука дека нема основ за поведување дисциплинска постапка и дека во случајот не се изнесени доверливи информации ниту е извршено влијание врз текот на овој или кој било друг предмет“ велат од ОЈО.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања