На протестите на движењето Жолти елеци во Париз денес дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, при што безбедносните сили употребија и солзавец. Француската полиција соопшти дека уапсила 21 лице во Париз пред почеток на протестите.
Француските медиуми пренесуваат дека илјадници демонстранти се собрале на големата авенија во Париз каде што биле пречекани од голем број на полициски сили кои што таму биле распоредени превентивно откако претходните протести на Жолтите елеци предизвикаа вистински хаос.
https://twitter.com/ClementLanot/status/1073932231679315968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073932231679315968&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fsvet%2Fdramatichen-pochetok-na-protestite-vo-pariz-tepachki-megju-demonstrantite-i-policijata-apsenja
„Мислам дека нашата демократија не може да ги прифати окупациите на јавното добро и елементите на насилство кои ги одбележаа претходните протести, посебно во центарот на Париз“, изјавил Макрон.
https://twitter.com/ClementLanot/status/1073923363502985216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073923363502985216&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fsvet%2Fdramatichen-pochetok-na-protestite-vo-pariz-tepachki-megju-demonstrantite-i-policijata-apsenja
Воедно францускиот претседател истакнал дека тој ги сослушал барањата на демонстрантите и оти ќе ги реализира ветувањата, дека ќе ги забрза даночните олеснувања. Макрон ги отфрлил повиците да поднесе оставка, што е едно од барањата на демонстрантите.
Околу 8.000 полицајци беа распоредени денеска во Париз, заедно со 14 оклопни возила, водени топови и коњичка единица за контрола на масите, објави АФП. Денешниот ден го одбележува петтиот по ред викенд на кој што има протести на Жолтите елеци.