Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Драматично во Мармарис: Втор ден беснее огромен шумски пожар, силниот ветер го разгорува огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library3v1okngkog6c9sWWKQp

Шумски пожар втор ден беснее во турскиот округ Мармарис, а силниот ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола.

Пожарот избувнал околу 17:30 часот во областа Мугла, во близина на крајбрежниот регион, по што, поради силниот ветер, брзо се проширил на голема површина.

— реклама —

Во гаснењето биле ангажирани 16 хеликоптери, седум авиони, 21 противпожарно возило, шест цистерни со вода и два булдожери. Во текот на ноќта бил користен и хеликоптер опремен со систем за ноќно гледање.

— реклама —

Од утрово во акцијата повторно се вклучени и бројни авиони, заедно со копнените екипи.

Поради непристапниот терен и недостатокот на патишта до погоденото подрачје, цистерни со вода и градежна механизација биле транспортирани од командата на поморската база Аксаѕ со десантни чамци.

— реклама —

На терен пристигнале и чамци на крајбрежната стража, кои во гаснењето учествуваат од морската страна, користејќи големи водени топови.

— реклама —

Екипите и натаму работат на локализирање на пожарот и негово ставање под целосна контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 5 дена

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 5 дена

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања