Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Драматична акција во Демир Хисар – претрес на домот и автомобилот на директорка на средно училиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
demir-hisar-pretres

Вчера во Демир Хисар се одвиваше драматична полициска акција по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, при што беше извршен претрес на домот, службените простории и автомобилот на директорката на средното училиште, Маја Лозановска.

— реклама —

Според информациите, на претресот присуствувала и екипа на Брза помош, која констатирала дека Лозановска е на боледување и има покачен крвен притисок. Сепак, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал таа вечерта да биде пренесена на носилки во полициската станица на информативен разговор. Адвокатот на Лозановска изјавил дека поканата за таков разговор има рок од 15 дена и не мора да биде извршен веднаш.

— реклама —

Од Обвинителството велат дека претресот бил извршен поради сомнение за кривично дело „Фалсификување и уништување деловни книги“.

По барање на ОЈО Битола, Основниот суд во Битола издал наредба за претрес на три локации со цел обезбедување предмети поврзани со делото. „Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е целосно испочитувана. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит во конкретниот случај“, соопштија од институцијата.

За резултатите од претресот, полицијата сè уште нема доставено официјално известување до Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања