Десетици огномети имаше во Скопје за дочекот на Новата година. Од еден до друг влез на градот, во секоја населба, имаше дочек со пиротехника. Поради маглата и загаденото време тешко се гледаа, но, од снимката од дрон може да се види како изгледаше градот во моментите кога започна Новата година.
Дека скопјани одбројувале и чекале до полноќ, покажуваат и снимките направени од скопски Карпош.
Еуфорија за дочекот имаше. Бројни граѓани беа на скопскиот плоштад, каде журката траеше и после полноќ.