Промени тема
Контакт

(Видео) ДУИ и Груби со бојкот: Не гласав за претседателските

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Бојкотот не е потребната алатка во демократијата и воопшто не се дискутира прашањето за бојкот, вака претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одговори на новинарско прашање на прес конференцијата на која го промовираше Бујар Османи како кандидат за претседател, дали ако кандидатот на ДУИ не оди во вториот круг ќе ги бојкотираат изборите.

— реклама —

Но, ова што денеска го прави ДУИ и нејзините експоненти покажува дека Ахмети, демократијата и демократските средства ги толкуваат како што моментално им одговара.

— реклама —

Денеска вицепремиерот Артан Груби кој истовремено е и шеф на кабинетот на Али Ахмети, потврди дека го направил спротивното од тоа што Ахмети го кажа на почеток на кампањата.

Тој на новинарско прашање откако излезе од гласачкото место одговори дека не гласал за претседател на државата.

— реклама —

„Не гласав за претседателските, бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во С. Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните, но не и за претседателските избори“, рече Груби.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања