Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Два месеци од трагедијата во Кочани; „Кој е следен“: Ни порачаа да не ги вознемируваме семејствата, а тие не се грижеа за нивниот спокој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
koj-e-sleden

Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството. Со ова, потсетуваат на сите кои животот го загубиле во големи трагедии, меѓу кои е последната во Кочани.

— реклама —

— реклама —

„Да ве потсетиме дека поминаа два месеци од најголемата трагедија во нашата историја, најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Зад бројките стојат човечки животи, а зад секој живот празно столче на трпезата и болка на која и нема крај. Во овие два месеци, хуманоста исчезна. Партиите се впуштија во препукувања, пратеници си земаа одмор, а медиумите на системот на правија сѐ за да ги демонизираат оние кои бараат правда. Семејствата на загинатите и повредените беа оставени сами, во прегратките на тишината. Системот секојдневно не повикуваше да не зборуваме, да не бараме правда. Ни порача: не ги вознемирувајте семејствата. Но тие никогаш не се грижеа за спокојот на семејствата. Тие беа загрижени за нивниот спокој, за нивниот партиско политички спокој и сакаа да ја прифатиме амнезијата како нова национална доблест“, рече претставничка на „Кој е следен?“.

Тие рекоа дека нема да се помират со ова секојдневие, туку ќе има отпор против системот.

— реклама —

„Хуманоста е нашето последно прибежиште, кое системот се обиде да го присвои и проба да нѐ убеди дека се менува. Системот не е хуман, хуманоста не е нивна, херојството не е нивно. Денес во ниво име зборува „Кој е следен?“, но важна е пораката која ја испраќаме, а не од кого доаѓа. Да не дозволиме болката да стане навика“, додадоа од иницијативата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања