Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Двајца загинати и 40 повредени во руски напад врз Запорожје, меѓу повредените бебе и три деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Свет
media-library4cpig138qjlb4ORBIVj

Двајца загинати и 40 повредени е билансот од рускиот напад врз украинскиот град Запорожје, при што била погодена петкатна станбена зграда, објави „Киев индепендент“.

— реклама —

Шефот на Воената администрација на Запорошката област, Михајло Семикин, соопшти дека ударот уништил дел од зградата во квартот Космични. На фотографиите од местото се гледа голем отвор на едната страна од објектот.

— реклама —

Меѓу повредените има бебе помало од една година и три деца на возраст од 4, 6 и 16 години. Едно лице се здобило со тешка повреда на главата и се наоѓа во критична состојба.

Во нападот била уништена и една куќа, а оштетени се повеќе станбени објекти, приватни домови, возила и дел од транспортната инфраструктура. Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во потрага по евентуални преживеани.

— реклама —

Засега не е познато со какво оружје бил извршен нападот. Запорожје, поради близината на фронтот, често е цел на руски напади со наведувани воздушни бомби и беспилотни летала. Градот и околниот регион се соочуваат со секојдневни напади.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryefs5qfh0nrc521DwzCJ

По 14 часа под урнатините, спасено седумгодишно момче во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 2 дена

media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 3 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања