Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Двајца загинати и повеќе повредени во тешката автобуска несреќа во Хрватска, автобусот излетал од автопатот и се превртел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Настани
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Две лица загинаа, а повеќе патници се повредени во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила на автопатот А3 во Хрватска, каде што автобус со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел.

— реклама —

Според информациите што ги потврди загрепската полиција, несреќата се случила околу 7:25 часот, на 61. километар од автопатот, непосредно по клучката Иваниќ Град, во правец кон Загреб. Во автобусот, според првичните неофицијални податоци, имало 33 патници и двајца возачи.

На снимка објавена на порталот ГП Маљевац се гледа како автобусот ја пробива заштитната ограда и завршува превртен на едната страна покрај коловозот. На местото веднаш пристигнале бројни екипи на Итната медицинска помош, а интервенирале и хеликоптери.

— реклама —

Повредените се пренесуваат во загрепските болници, но засега не се соопштени точниот број и тежината на нивните повреди. Дел од патниците добивале помош на самото место.

— реклама —

Во спасувачката акција учествуваат и 15 пожарникари со седум возила. Надлежните служби вршат увид и ги утврдуваат причините за несреќата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

brza-pomos-hrvatska

Автобус со 35 лица излетал од автопатот и се превртел во Хрватска, има загинати и повредени

Балкан | пред 58 минути

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања