Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Две и пол години Европска зоолошка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
zooloska-otcet

Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).

Ова е дел од она што е направено во изминатиот период:

- Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште

- Поставени се нови тоалети на две локации

— реклама —

- Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети

- Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.

- Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза

- Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини

- Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите

— реклама —

- Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години

- Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци

- Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати, ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.

- Ново брендирање на влезот на градината

— реклама —

- Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите

- Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните

- Едукативни програми и Zoo keepers talk за викенди

- Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени

- Нови летниковци

- Јуниор авантура парк за деца

- Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.

- Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните

- Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна средина

Зоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка“ со поддршка од Градот Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања