„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Џамбазов е репер за преживување, нема човек што е позлоупотребуван од него, раскажа Михајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
Screenshot-2025-08-22-at-09.54.11

Актерот Тони Михајловски во втората сезона на подкастот „Претрес со Ландов“ проговори за својот колега Игор Џамбазов, опишувајќи го како човек кој успеал да преживее најтешки животни премрежја, а притоа никогаш не злоупотребил никого – иако самиот многу пати бил злоупотребен од луѓето околу него.

— реклама —

„Игор Џамбазов сам по себе е репер за тоа како се преживува на оваа сцена и што сè може човек да поднесе. Нема човек што толку сака да помогне на друг, а истовремено нема човек што е повеќе злоупотребуван од него“, изјави Михајловски.

Михајловски раскажа и сцена од минатото, кога Џамбазов престојувал во Неготино, без средства за живот.

— реклама —

„Седиме, има пари за една паштета и четврт лепче, и во тој момент му се јавува човек од Скопје. Игор мислеше дека конечно добива спас, излез од блатото. Но човекот дојде единствено за да му потпише авторски права за некоја песна. Го злоупотреби тоа што го познава“, рече Михајловски.

Според него, токму во тие моменти Џамбазов ја сфатил суровата вистина – дека многу од луѓето што ги сметал за блиски гледаат само свои интереси.

И покрај сите падови, Михајловски истакнува дека Џамбазов секогаш успевал да се врати.

„Успеал да излезе од најтемните улички на својот живот, од најподрумските простории, па да стане синоним и препознатлив симбол за мултиталентираност во државата. И потоа ќе се појави некој новокомпониран и ќе рече – не може тој да ми биде репер. Како не може?“, праша Михајловски.

На крајот заклучи: „Џамбазов најмногу се повредил себеси и оние најблиски околу него. Но за другите – секогаш бил само од корист. Никогаш никого не искористил, а него – предолго и премногу“.

Михајловски за првпат раскажа во детали за неговиот живот, но и за односот со политиката, колеги...Погледнете:

4ZjFUoIqfzc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања