„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-15-at-09.23.13

Игор Џамбазов во подкастот „Претрес со Ландов“ за прв пат откри дека пред година и пол добил изненадувачка понуда – да се кандидира за претседател на државата.

— реклама —

Како што раскажа, сè започнало кога неговиот букинг менаџер му јавил дека од Скопје го бараат „за нешто поврзано со Скопје – европски град на културата 2027“. Џамбазов прифатил средба во Дојран, но набргу сфатил дека приказната е сосема поинаква.

„Дојде човек и ми вели: ‘Јас сум дојден во име на 150 скопски интелектуалци, сакаме да се кандидираш за претседател на Македонија. Анкети се правени, ти влегуваш во втор круг’“, прераскажа Џамбазов.

— реклама —

https://youtu.be/_bOlfR-esy4

Тој вели дека бил збунет и изненаден од понудата, особено кога му било кажано дека зад него ќе стојат адвокати, медиуми и обезбедено финансирање за кампањата.

„Го качив на мојата куќа во Дојран и го прашав најискрено – дали би го жртвувал овој мир за една неизвесна бесмислица? Јас би бил посреќен ако бидам претседател на месна заедница во Сретеново“, раскажа тој со иронија.

Неколку дена подоцна, Џамбазов бил поканет на нов состанок во Скопје, овој пат со политичарка од женски род, која, како што вели, сериозно го убедувала дека токму тој е „победникот“.

View this post on Instagram

A post shared by Pretres.mk (@pretres.mk)

„Верувајте ми, таа имаше и желба, и љубов, и радост да го прави тоа. А јас немав ништо од тоа. Беше навредена кога сфати дека не сакам“, додаде Џамбазов.

Тој заклучи дека ваквите понуди се доказ дека државата не е подготвена за вакви експерименти. „Не сме ние подготвена држава за такво нешто“, заврши Џамбазов во својата исповед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања