Стадионот „Билјанини извори“ пулсираше со светски ритам – американската мегазвезда Џејсон Деруло одржа концерт каков што ретко се гледа на овие простори.
Илјадници фанови од цела Македонија и регионот беа сведоци на шоу полно со харизма, врвна продукција, и незаборавни хитови како „Wiggle“, „Talk Dirty“, „Trumpets“, „Swalla“ и „Savage Love“.
Сцената беше спектакл сама по себе – со моќна светлосна и звучна поддршка, танчари, енергични кореографии и Деруло во врвна форма. Настапот не беше само концерт, туку целосно музичко и визуелно доживување што го трансформираше Охрид во епицентар на светската забава.
Организаторот Прагма продукција по концертот порача: „Охрид синоќа блесна како една од најжешките музички дестинации во Европа, благодарение на неверојатната енергија што заеднички ја создадовме на спектакуларниот концерт на Џејсон Деруло! Од срце ви благодариме што бевте дел од ова незаборавно музичко доживување. Вашата поддршка, позитивна енергија и безрезервен ентузијазам го направија овој настан вистински спектакл!“.