Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

(Видео) Ѕвездите од „Емили во Париз“ уживаат на Миконос додека ја снимаат последната сезона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-library88pkfgg0fnihczyFFKS

Актерската екипа на популарната серија „Емили во Париз“ ги сподели впечатоците од престојот на грчкиот остров Миконос, каде што се снима шестата и воедно последна сезона од хит-серијата на Нетфликс.

Во видео објавено на Инстаграм од актерката Ешли Парк, која ја толкува улогата на Минди, можат да се видат Лили Колинс, Лукас Браво и други членови на актерската и продукциската екипа како уживаат во зајдисонцата, капењето во морето, пловењето со чамци и дегустацијата на традиционални грчки специјалитети.

— реклама —

Миконос е една од главните локации во последната сезона на серијата. Снимањето се одвива на неколку препознатливи места на островот, како плажата Агиос Состис, улицата Матојанија и квартот Мала Венеција. Овие локации не се само сценографија за првите епизоди од новата сезона, туку се и дел од самата приказна.

По завршувањето на снимањето на Миконос, продукцијата се пресели во Париз, градот во кој започна приказната на серијата во октомври 2020 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања