„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Една година по смртта на Александар и Калина, на Кајмакчалан одекна стара македонска охридска песна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kalina-aleksandar

Дваесет и петгодишна двојка со псевдоним Зарина сама се качи на врвот на Кајмакчалан и запеа стара македонска охридска песна, објави Репортер.мк.

— реклама —

https://www.facebook.com/zarinaprvasevda/videos/299724214059789/

Порталот пишува дека на Ниџе, во белината ечеше, „Ој Зарино прва севдо“ на 2.524 метри надморска висина, во зимски услови. Свесна дека на ова исто место лани загинаа двајцата македонски планинари, Калина Велеска и Александар Миновски, планинарката и пејачка Зарина ни раскажа дека не било сеедно додека се качувала, сосема сама, а во мислите постојано ѝ биле загинатите планинари.

— реклама —

„Уште додека се качував, ги чувствував Александар и Калина, кои лани загинаа тука. Еве речиси една година ќе помина откако ги нема. Овој пат се качував сама, без никого. Полека одев, а тие постојано како да ми правеа друшво. Влегов во црквата ‘Св. Илија’, каде последен пат се потпишаа на планинарскиот дневник, раскажа за „Репортер“ планинарката и музичарка Зарина. Таа ни откри дека на 11 февруари планирано е искачување на Кајмакчалан во чест на загинатите планинари, објави Репортер.мк .

Текстот во целост на Репортер.мк 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања