Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Ексдиректорот на Онкологија избега од камерите, а го судат оти не му давал терапија на пациент кој умрел додека чекал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-09-05-at-19.02.27

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев, денеска немаше коментар за состојбите на клиниката, каде во петокот истражните органи направија претрес и ги запленија медицинските истории на илјадници пациенти, за да истражат обележја на евентуални кривични дела. На новинарското прашање дали се препродавале лековите, одговор немаше.  Тој само кусо одговори дека сега не е време да се коментира. Во Кривичниот суд доктор Васев се појави за друг случај кој не е поврзан со петочниот претрес, во својство на обвинет за несовесно работење во службата, пренесува Слободен печат.

— реклама —

Случајот се однесува на пациент со малиген меланом кој починал во 2018 година откако не му била веднаш укажана медицинска помош.

— реклама —
5qzogExmzYc

Според обвинителството, доктор Васев не му одобрувал терапија на сега покојниот пациент со месеци, а на крајот го упатил сам да си ги набави лековите од Бугарија и овие дејствија ги презел и покрај тоа што не му бил ординирачки доктор на пациентот, туку ординирачки доктори му биле специјалистите Игор Стојковски и Марија Симоновска. Тие двајца се обвинети за несовесно лекување болни.

-Кривичната пријава против овие доктори ја поднело семејството на починатиот пациент со тешко карциномско заболување кој бил однесен на Клиниката за Онкологија и не бил соодветно третиран и лекуван. Односно, поради недоразбирања и погрешно воспоставени дијагнози не му биле дадени соодветни лекарства за лекување на болеста која била евидентирана на Клиниката и која што добила ординирачки доктор.Таквото нелекување и неукажување на помош на пациент според стандардите и според одредбите на Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на правата на пациентите подлежи на кривична одговорност. Прашањето зошто не му биле давани лекови е прашање на мотивот на сторување на кривичното дело кој што не сме обврзани да го разбереме во моментот кога го поднесуваме обвинението. Но, доволни се фактите кои што значат елемети: дека одреден пациент со одредена потреба не бил лекуван според стандарди и одредби како што предвидува законот. Зошто е тоа така направено, кои се вистинските мотиви можеби ќе се одговори по завршувањето на оваа главна расправа, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ.

Според информации на Слободен печат, претрес за крадењето лекови е направен во домот на ексдиректорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања