Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Експлозии во упориштето на Хезболах, густ чад над либанската престолнина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarygvogudadguku5RFvRyH
Илустрација

Неколку воздушни удари ги погодија јужните предградија на Бејрут, откако израелската армија најави нов бран напади врз цели поврзани со Хезболах и издаде предупредувања за евакуација.

— реклама —

Според снимки објавени на социјалните мрежи, од погодените подрачја се издигнува густ чад, додека либанската државна телевизија јави за четири израелски напади врз јужните делови на главниот град. Ударите следуваа по ракетирањето на Израел од страна на Хезболах во раните утрински часови.

— реклама —
— реклама —

Допишничка на Би-Би-Си од Бејрут известува дека во градот одекнала силна експлозија во квартот Дахие, кој се смета за упориште на Хезболах. Според нејзините наводи, детонацијата била толку силна што создава впечаток дека се случила во самиот центар на престолнината.

— реклама —

Во исто време, преку разглас од американската амбасада во Авкар биле упатени предупредувања до вработените да побараат засолниште и да се оддалечат од прозорците. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 16 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања