Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Емотивно: Давид го посвети голот на трагично загинатиот Аган, семејството му возврати со посебен подарок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-libraryvcgi9smf2cvi5LiZDOx

Емотивна средба се случи помеѓу семејството на трагично починатиот Аган Асани од Черкезе, Куманово и младиот Давид Докмановиќ од селото Умин Дол.

— реклама —

Давид неодамна ја освои симпатијата на јавноста откако својот гол го посвети на 13-годишниот Аган, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

— реклама —

Во знак на благодарност за неговиот гест, семејството на Аган го посети младиот фудбалер и му ја подари фудбалската топка со која Аган играл во својот дом.

Гестот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина ја истакнаа човечноста, емпатијата и силната порака на пријателство и почит што ја испратија двете семејства.

— реклама —

Аган Асани трагично го загуби животот откако, додека управувал електричен тротинет, бил удрен од автомобил. Неговата смрт предизвика голема тага во Куманово и пошироко, а споменот за него продолжува да живее преку вакви трогателни гестови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања