Низа реакции по социјалните мрежи по најавата дека полицијата ќе контролира и во домовите дали се прославува дочекот на Нова Година.
Коментари секакви, од оние кои велат дека се сложуваат со мерките и дека мора да се контролира, до оние кои сметаат дека граѓаните внимаваат и дека ова ја преминува секоја граница.
Но, има и досетливи граѓани кои на соцојлните мрежи објавија видео како би изгледала Новогодишна прослава која ќе ја прекине полицијата.
Инаку денеска МВР објави дека има посебен телефон и електронска пошта за пријави на недозволено групирање
Одговорните граѓани ќе можат да пријават кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки и домашни прослави, како и во викендички или изнајмен простор, на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на електронската пошта mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk