Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Европратеничката Лајкова: Во Македонија се зборува „дијалект на бугарскиот јазик“, а македонската историја е „фалсификат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library5au8fdg7pfah0XcztDe

Бугарската европратеничка Рада Лајкова се огласи по инцидентот пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, каде што беа запалени дипломатски возила, упатувајќи остри критики кон македонските институции и изнесувајќи контроверзни ставови за македонскиот јазик, историјата и идентитетот.

Во своето обраќање, Лајкова тврди дека сторителот го извршил делото без пречка, пред очите на полицијата, која, според неа, не реагирала.

— реклама —

Таа истовремено ја критикуваше реакцијата на европските институции и побара заштита на, како што наведе, правата на Бугарите во Македонија.

— реклама —

Бугарската европратеничка повтори ставови кои со години се предмет на спор меѓу Скопје и Софија, тврдејќи дека во Македонија се зборува „дијалект на бугарскиот јазик“ и дека поголемиот дел од населението има бугарско потекло.

Лајкова отиде и чекор понатаму, оценувајќи дека македонската историја е „фалсификат“, за кој тврди дека бил создаден од српски комунистички историчари во Белград.

— реклама —

Нејзините изјави доаѓаат во период кога односите меѓу Македонија и Бугарија остануваат чувствителни поради несогласувањата околу историските и идентитетските прашања, кои се дел и од поширокиот контекст на евроинтегративниот процес на земјата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања