Промени тема
Контакт

(Видео) Фасцинантна „Бела ноќ“: Главното шоу кај „Порта Македонија“ го врати сјајот на манифестацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
bela-nikj-5123

Изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции во Скопје. Со куп настани синоќа се одржа 19. традиционална културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Дел од публиката би искоментирала: „Најдобра до сега“.

— реклама —

— реклама —

Најголемиот спектакл беше кај „Порта Македонија“ која блескаше како никогаш досега. Под неа, сцена, на која настапија Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани од Биг бенд оркестарот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Најфасцинантно за сите беше специјално визуелно шоу со 3Д-мапирање на портата, за време на настапите.

— реклама —

Во ГТЦ, пак, можеше да се види изложбата „Игри и мечтаења“ на Друштвото на ликовните уметници, а на Факултетот за драмски уметности да се проследат повеќе театарски претстави, како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ повеќе културно-уметнички друштва изведоа традиционални македонски ора.

Во Кинотеката на Македонија можеа да се проследат македонски филмски и музички достигнувања, а во галеријата „Остен“ изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет „Американ колеџ“. Во Капан ан беше прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска-Илкова, а во Домот на културата „Кочо Рацин“ изложбата „Култура во кутија“ на културното јадро „Доминиум“.

Настанот е во организација на ЈУ „Универзална сала“, финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања