„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Фетаи прво сакаше Катица Јанева да остане шеф на СЈО, а потоа се огради од неа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-janeva-fatime-fetai

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, за време на гостување во „Студио 1“ на 1ТВ чиј неформален сопственик е уапсениот Боки 13 зборуваше за промените во перцепцијата на јавноста во однос на СЈО по последните случувања со бегството на екс премиерот Никола Груевски, тоа што Орце Камчев беше виден на натпревар во Германија и ставот на Врховен суд за нивните случаи. Интерјуто беше дадено пред да се отвори истрагата „Рекет“, кон крајот на јуни. 

— реклама —

1lAe6ok4oaE
— реклама —

„Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција“, рече Фетаи кон крајот на јуни.

Обвинителката на СЈО, Фатме Фетаи пред вчерашното рочиште за случајот „Монструм“, за медиумите изјави дека не може евентуалната одговорност на еден обвинител за ја зацрни целата работа на Специјалното јавно обвинителство и со тоа да се заборави на криминалот.

„Евентуалната индивидуална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор и оправдување за да се заборави целокупниот криминал кој се направи изминативе години и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа- застапување на предмети во судница“, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа рече дека ова што се случува моментално може да биде показател дека никој не е недопирлив и дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

6y7U235rQBY

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања