Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) ФИБА ја претстави маскотата за Светското првенство во кошарка во 2027 година (ВИДЕО)

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-library1ssh94v89b659nAqe8o

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ја претстави маскотата за следното Светско првенство во кошарка, кое во 2027 година ќе се одржи во Катар.

Маскотата го доби името Сухаил, според ѕвезда која со векови им служела како ориентир на морепловците, номадите и ловците на бисери во областа на Персискиот Залив.

— реклама —

Во западната култура оваа ѕвезда е позната како Канопус, додека во традицијата на Катар и околните земји има посебно значење. Нејзиното појавување на ноќното небо го означувало крајот на најголемите летни горештини и доаѓањето на попријатни вечери.

— реклама —

Изгледот на маскотата претставува спој на ѕвезда и метеорит. Телото на Сухаил е составено од кристални површини и метални елементи што ја рефлектираат светлината. Со овој дизајн, авторите сакале да ја поврзат цврстината на каменот со сјајот на космосот.

Од ФИБА порачуваат дека Сухаил треба да претставува инспирација, насока и заедништво меѓу играчите и навивачите за време на првенството.

— реклама —

Влезниците и специјалните пакети за Светското првенство веќе се пуштени во продажба.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи во април 2027 година, но точниот датум и терминот сè уште не се објавени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања