Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: „Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави документи за кои тврди дека покажуваат оти во Болницата за белодробни заболувања во Лешок бил регистриран примерок на здравствено небезбедна вода за пиење, при што, според него, надлежните институции не презеле соодветни мерки.

— реклама —

Филипче изјави дека станува збор за извештај од Центарот за јавно здравје од примерок земен во болницата, со датум на завршување на испитувањето 13 мај.

— реклама —
media-library83lbg3im21i35sL2PKS
СДСМ

Според него, во извештајот е наведено дека во 100 милилитри вода биле утврдени 51 колиформна бактерија, поради што примерокот не ги исполнувал условите за безбедна вода за пиење.

„Извештајот е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Во 100 милилитри вода има 51 колиформна бактерија и е наведено дека примерокот не соодветствува на квалитетот потребен за вода за пиење. Ова е од болницата во Лешок, а никој не реагирал“, рече Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека ваквата состојба претставува сериозен ризик за здравјето на пациентите и побара итна реакција од надлежните институции.

— реклама —
media-libraryao6t94rifb1j0EMqX96
СДСМ

Од СДСМ побараа да се спроведе вонреден надзор и анализа на сите водоснабдителни системи во државата, како и јавно да бидат објавени резултатите од физичките, хемиските и микробиолошките анализи на водата, вклучително и податоците за нејзиното хлорирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања