Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче од Гостивар: Тука сме да им помогнеме на граѓаните на кои им треба помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryn4v4amutq8fif3sFsuo

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференцијата во Гостивар изјави дека партијата е на терен за да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба, оценувајќи дека институциите не одговориле соодветно на кризата.

— реклама —

Филипче изјави дека случувањата во Гостивар се последица на, како што рече, неодговорното управување на Владата и институционалниот хаос.

„Очигледно е дека со оваа власт на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група повеќе не станува збор за политичка или морална одговорност, туку за елементарни човекови права, како што се правото на здравје, здрава вода и здрава животна средина“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека посетата на Гостивар нема цел да ја политизира состојбата, туку да обезбеди конкретна поддршка за граѓаните на кои, според него, им е најпотребна.

— реклама —

„Посетивме повеќе социјално загрозени семејства, постари лица и пензионери и им доставивме пакети со помош. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во наредните денови“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека граѓаните не смеат да бидат оставени сами во услови на здравствена криза и оцени дека институциите имаат обврска да работат во нивен интерес, наместо, како што рече, да ја прикриваат сопствената неодговорност.

— реклама —

Тој уште еднаш ја критикуваше Владата, наведувајќи дека, според него, граѓаните се принудени сами да се справуваат со последиците од актуелната состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања