„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Филипче: Пациентите се одлично третирани, не смее никој да биде поштеден, ни поранешните ни сегашните функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-17-at-14.32.41

„Ова е трагедија која ја потресе целата земја, остава трага која никогаш нема да се избрише“, вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја опиша болката по големата трагедија во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Тој вчера на Клиниката се видел со дел од роднините.

— реклама —

„Сакам да ги уверам роднините и родителите и дека пациентите се одлично сместени и третирани. Сакам да ги уверам дека нивните најблиски се во добри раце и дека колегите се борат за секој еден живот“, рече Филипче.

— реклама —

Тој упати апел до министерот Арбен Таравари да формира мобилни тимови, за психолошка помош на семејствата во Кочани, особено во пресрет на тоа што таму ќе следува.

Тој рече дека мора да има целосна транспарентна и објективна истрага.

„Никој не треба да биде поштеден, ниту актуелни ниту поранешни функционери и службеници. Трагедијата е преголема за да има сенка на сомнеж. Ако постои и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар на цело општество. Затоа апелирам до Обвинителството, до истражните органи, редовно, секојдневно да се информира што се прави“, рече Филипче.

Тој порача дека треба човечност, а не политизирање на процесот.

„Нема да дозволиме некој да биде поштеден, будно ќе пратиме за процесот да оди во праилна насока“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања