Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција даде пресек на информации во за состојбата со коро вирусот за изминативе 24 часа.
-Регистриранани се 24 нови случаи со корона вирус во Македонија. Има уште едно лице поврзано со овој вирус со кожната клиника. Вкупната бројка до 12 часот изнесува 201 лице. Од клиниката испишано е едно лице и пратен на домашно лекување, а се спрема исписот на уште една павциенката од Скопје, кои имаат по два негативни резултати. Добра е состојбата и со останатите пациенти. Тие се со стабилна општа состојба, без тешка манифестација“, истакна министерот Филипче.
Министерот потсети на мерките кои ги донесе Владата како постоечките така и новите кои ќе се применуваа од викендов.
Филипче кажа дека денеска имал состанок со амбасадоката од САД на кој и се заблагодарил за поддршката која ја дава за осовремеување на лабараторијата од институтот за јавно здравје, кој е централна за оваа намена.
-Нашата земја е една од десеетте земји од глобалната студија на СЗО, земјава е примена во мултицентрична светска студија за примената на терапијата која се применува, истакна министерот.
Министерот потенцираше дека во болницата во Куманово присуствуваше и експерт од Скопје кој разговарал со менаџментот во Болницата, но и со здравствените работници како и со пациентите.
Минситерот информираше за сите донации кои ќе пристинат деновиве во земјава од нашите пријатели.
-Добивме одгoвор и од норвешката влада за донацијaта на респираторните системи. Во текот на нередната недела треба да пристигнат 500, 000 маски и 20, 000 тестови, истакна министерот Филипче.
Тој додаде:
-Во наредната недела ќе бидеме подготвени и за мобилното тестирање и тоа во подрчаја и градови во кои сметаме дека е потребно. Во наредните ден-два ќе се тестираат и граѓаните кои се затекнаа во околината на Дебар и ќе бидат пуштени во градовите каде што живеат.
Одговарајќи на нононарско прашање за Третиот случај во Куманово, министерот истакна:
-Овој пациент е позитивен по првиот тест. По однос на тријажата секоја здравствена институција е задолежно да обезбеди патека за вакви сомнителни пациенти. соодветен терк треба да имаат, но и проверка и анализа. Фебрилност е алерт, знак дека треба да постапт со внимание на таквите пациенти. Тоа важи иза болницата за деца во Козле, одговори Филипче
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/1107904819564924/?v=1107904819564924¬if_id=1585148660419580¬if_t=live_video