„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Филипче: Во изминатото деноноќие 15 нови заразени, седум излекувани и три починати пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Filipce

Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 новозаболени од корона вирус во Македонија. Со новите пациенти, вкупниот број на заразени во земјава изнесува 570, соопшти министерот Венко Филипче.

— реклама —

-Регистрирани се 15 нови случаи. Во Скопје 4, Куманово 8 и по еден во Тетово, Струга и Штип, истакна министерот Филипче.

Филипче потенцираше дека седум пациенти се излечени односно покажале негативни резултати на два последователни теста. Станува збор за четворица кои биле хоспитализирани на Инфективната клиника, и три лица од Дебар кои биле на домашно лекување.

— реклама —

Во ова деноноќие Филипче, кажа дека битката со корона вирусот ја изгубиле три пациенти.  Станува збор за првиот заразен пациент во Кочани на 40-годишна возраст и за двајца пациенти, на возраст од 69 и 65 години.

Само за пациентот на 69-годишна возраст познато е дека имал претходни заболувања – тумор на мозокот.

фото: Архива

 

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/610561826339699/?v=610561826339699&notif_id=1586093356454311&notif_t=live_video

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања