Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВИДЕО: Филипче за состојбата на заболените доктори од коронавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
venko-filipce

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти нови информации за 31 лице заболени од коронавирусот.

„Денеска имаме дијагностицирани пет нови случаи, а четири се здравствени работници во Дебар. Бројката е 31 заболен. Од петте новозаболени, освен четирите здравствени работници во Дебар, позитивен е тектот и на сопругата на заболениот чиј тест го ретесиравме, а се тестирал во Жан Митрев“, рече Филипче.

— реклама —

Коронавирусот кај докторите бил откриен со скринингот на Министерството за здравство.

— реклама —

„Дел се носители, а веројатно ќе ја развијат болеста. Тие се открија како резултат на скринингот. Од утре во во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија, кои ќе го надополнат бројот на лекари“, додаде тој.

— реклама —

Строги казни најави Филипче за сите кои нема да почитуваат мерки.

„Свесни сме дека здравствените работници се најекспонираните, но ние мора да правиме се за тие да ги заштитиме, бидејќи во овие услови мораме да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем. Нема оправдување за ниту едно лице кое нема да ги почитува одлуките на Владата“, додаде Филипче.

Министерот за медицинарите рече дека треба да ја почитуваме нивната улога, бидејќи се жртвуваат за да помагаат на граѓаните.

„Здравствените работници имаат семејства, се жртвувале, се едуцирале за да помагаат на нашите сограѓани. Трудот и напорот, како и улогата е непроценлива. Затоа, мора да водиме грижа за сите нас, а за граѓаните - останете дома и најстрого почитувајте ги мерките за заштита и превенција“, кажа тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања